ABT го „напумпа“ новиот Audi SQ7 на 520 кс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го „напумпа“ новиот Audi SQ7 на 520 кс!

Специјалистот за тјунинг на моделите од Volkswagen групацијата претстави пакет за подобрување на перформансите и дотерување на стајлингот на Audi SQ7.

ABT нуди бодикит кој содржи неколку нови делови – преден браник, странични додатоци на крилата, заден дифузер, кровен спојлер, додатоци на браниците и странични прагови, заедно со карбонска предна решетка и завршетоци на издувните цевки, како и 22-инчни тркала.

Ентериерот е исто така изменет и е опремен со специјална кожа со контрастни везови, нови патосници и детали од карбон кои можат да се најдат низ целата кабина.

Стандардниот SQ7 е погонуван од 4.0-литарски V8 дизелски агрегат кој произведува 435 кс и 900 Nm вртежен момент. ABT со оптимизирање на компјутерската единица успеале да додадат дополнителни 85 кс и 70 Nm на конечни 520 и 970 Nm, а како резултат на тоа е намалување на времето за забрзување од 0-100 км/ч од 4.8 на 4.6 секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.