Сподели! ;)

Британскиот бренд го претстави обновениот F-Type кој добива повеќе технологии, нови изведби и дискретно подмладување.

Очигледно дизајнерите на Jaguar биле доволно паметни многу да не ја менуваат успешната форма на F-Type, па новиот модел добива само благо изменети браници и нови светлосни групи со LED технологија – разлики кои би ги препознале само вистинските фанови на брендот.

Ентериерот од друга страна пак, може да се пофали со повеќе новитети од кои најзначаен е новиот Touch Pro мултимедијален систем, кој доаѓа со дисплеј со висока резолуција, побрза реакција, моментални информации за сообраќајот и многу повеќе.

Моделот е исто така опремен со новата ReRun апликација, развиена во соработка со GoPro и го комбинира видеото снимено од вградената камера во возилото со главните информации за перформансите, вклучувајќи ја брзината, одбраниот степен на пренос, силата на сопирање и гравитациската сила. Кабината вдомува пар нови. лесни седишта, нови детали од хром и алуминиум и нови материјали за ентериерот.

За да го одбележи лансирањето на освежениот F-Type, Jaguar исто така ќе понуди нова 400 Sport Launch изведба која ќе се нуди само оваа моделска година. Оваа изведба е погонувана од 3.0-литарскиот V6 агрегат потпомогнат од компресор за испорака на сила од 400 кс. Шасијата добива нови сопирачки со високи перформанси, прилагодлив динамички систем и сет од темни сатенски 20-инчни алуминиумски тркала.

Во гамата ќе биде придружена и верзијата R-Dynamic, достапна со 335 и 375 кс, кои извираат од истиот суперполнет V6 мотор. Остатокот од палетата останува неизменет, што значи дека сите V6 модели ќе можат да се добијат со заден или погон на сите тркала, додека мануелната трансмисија може да се добие само со заден погон. V8 агрегатите одат во комбинација само со погон на сите тркала, а на врвот од гамата останува SVR моделот со 575 кс.

Jaguar исто така го опреми F-Type со неколку системи за помогнување во возењето, вклучувајќи функција за полу-автоматизирано асистирање при паркирање.