Lexus ја претстави новата генерација на знаменосецот LS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus ја претстави новата генерација на знаменосецот LS

Пристигна новата пониска, поширока, петта генерација на седанот LS – базирана на платформата GA-L, која дебитираше кај LC 500 Coupe.

Автомобилот сега се протега во должина од 5235 милиметри, ширина од 1900 милиметри, височина од 1450 милиметри и меѓускино растојание од импресивни 3125 милиметри, што го прави речиси иста големина со изведбата со продолжено меѓуоскино растојание на BMW Серија 7.

Визуелно, моделот го следи дизајнерскиот јазик на брендот, но со подинамична форма од неговиот претходник. Новиот LS е првиот седан на Lexus со шест странични прозорци. Може да се добие сериски со 19-инчни, или по избор со големи, 20-инчни тркала со специјална структура која помага за намалување на резонантниот звук генериран од пневматиците.

Кога веќе зборуваме за буката, вреди да се напомене дека инженерите на Lexus посветиле многу внимание да го намалат нивото на несакани звуци во кабината. Прво, инженерите од компанијата го прилагодиле издувниот систем да создава „поавторитетет тон“. Тие исто така инсталирале систем за активно намалување на буката, кој ја прави кабината помирна кабината со детектирање на звукот на моторот кој доаѓа во возилото и „бришење“ на одделни фреквенции со користење на антифазен звук од звучниците.

Откако ќе ја создадете ултимативната тишина во кабината, лесно е да го произведете перфектниот звук. Сепак, Lexus не се одлучиле само да вметнат обичен аудио систем, туку нудат аудиофилски премиум аудио систем со 3D сараунд од Mark Levinson. LS располага со специјални звучници и нов графички кориснички интерфејс, кој поддржува ракописни команди. Мултимедијалниот систем користи 12.3 инчи широк навигациски дисплеј, додека обоениот Head-Up дисплеј е најголемиот во светот, според Lexus.

Погонот на новиот LS е 3.5-литарски V6 битурбо мотор, кој располага со 415 кс и 600 Nm вртежен момент. Тој е усогласен со 10-степена автоматска трансмисија, прилагодена да испорачува инстантно забрзување и константен вртежен момент кон максималната граница на моторот. Оваа конфигурација обезбедува забрзување од место до 100 км/ч за 4.5 секунди.

Lexus ќе започне со примање на нарачки за овој модел кон крајот на оваа година, а неговите цени ќе бидат објавени за неколку месеци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.