Сподели! ;)

Луксузниот огранок на Hyundai покажува дека е сериозен и кога станува збор за спортските изведби на своите автомобили – а за тоа сведочи G80 Sport кој е наменет токму за оние кои бараат луксузен спортски седан.

G80 Sport е најдинамичниот модел кој ново-поставениот Genesis досега го има понудено – под поклопецот се крие 3.3-литарски твин-турбо V6 со директно вбризгување кој испорачува 365 коњски сили и 510 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува кон задните тркала преку 8-степен автоматски менувач, а инженерите на Genesis се погрижија и за управањето, па ја преработија суспензијата.

Преработен е и софтверот за менувачот, а купувачите ќе можат да нарачаат и погон на сите четири тркала. G80 Sport ќе го препознаете преку поагресивниот екстериер со детали во бакарна боја кои го издвојуваат од обичните изведби. G80 Sport добива и уникатни, 19-инчни тркала, детали од карбон во кабината, кожни спортски седишта и други ситници. Секако, бидејќи се работи за премиум автомобил, доаѓа и со грст современи технологии, меѓу кои се системите за автоматско сопирање со препознавање пешаци, систем за следење на вниманието на возачот, итн. Купувачите добиваат и напреден мултимедијален уред кој нуди грст корисни опции.

Се очекува дека G80 Sport ќе биде лансиран оваа пролет. На самиот почеток ќе се понуди на домашниот и северноамериканскиот пазар, а понатаму се очекува и во европа каде ќе се обиде да земе дел од колачот на германските конкуренти.