Porsche го освежи 911 GTS – добива 3-литарски твин-турбо бензинец со 450 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го освежи 911 GTS – добива 3-литарски твин-турбо бензинец со 450 коњски сили!

Porsche продолжува да ја освежува 911-гамата – сега е ред на тврдокорниот GTS да ги добие визуелните измени и новиот твин-турбо мотор!

Целата 911 GTS гама се состои од – земете воздух – Carrera GTS, Carrera 4 GTS, Carrera GTS Cabriolet, Carrera GTS Cabriolet и Targa G GTS. Сите изведби ги добиваат новите дизајнерски детали кои веќе ги познаваме од досега-освежените изведби на 911, но новитет е новиот 3-литарски твин-турбо 6-цилиндерски боксер кој во GTS варијантата испорачува 450 коњски сили и 550 Nm вртежен момент.

Благодарение на новиот мотор, Porsche 911 Carrera 4 GTS со тврд покрив забрзува до 100 километри на час за само 3.6 секунди. Сите варијанти можат да се нарачаат со мануелен менувач, или пак со PDK автоматскиот менувач со двојан спојка. Покрај зголемената моќност, 911 GTS може да се пофали и со намалена потрошувачка, која според официјалните податоци сега е намалена на само 8.3 литри на 100 изминати километри – но да бидеме искрени, тоа никој, никогаш во реалниот свет нема да го постигне, а не е ни важно.

Визуелните измени ги вклучуваат новите предни и задни светла, нов SportDesign преден сплитер, црна „трака“ меѓу задните светла кај верзиите со погон само на задните тркала, 20-инчни тркала со централно прицврстување и црни завршетоци на издувниот систем. Во ентериерот, сите GTS модели го добиваат Sport Chrono пакетот, а многу делови од кабината се обвиени во алкантара.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.