full screen background image
Search

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

На првата пресметка на цените во новата година, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги зголеми цените на бензините, додека цената на дизелот останува иста.

Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.70%.

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 67.00, односно 69.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета, и еден литар дизел гориво и следните две седмици ќе чини 53.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Андреја е Алфа и Омега кога станува збор за CARclub. Опседнат со автомобилите, кога не зборува за нив, сонува за денот кога ќе вози кабриолет по Француската ривиера.