Continental Supersports е новиот луксузен проектил од Bentley – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Continental Supersports е новиот луксузен проектил од Bentley

Британскиот луксузен бренд го претстави најбрзиот Continental досега, кој располага со 710 кс и 1,017 Nm вртежен момент.

Целата моќност ја произведува доработениот W12 мотор, кој сега располага со посилни турбо-полначи и изменет систем за ладење. Тој го забрзува моделот од место до 100 км/ч за само 3.5 секунди на патот кон неговата максимална брзина од 336 км/ч, додека кај кабриолет изведбата забрзувањето трае 3.9 секунди за постигнување на 100 км/ч.

Овие бројки лесно го поставуваат Continental Supersports на тронот за најмоќен модел на Bentley кој бил некогаш произведен, но брендот исто така тврди дека тој е најбрзиот и најмоќен луксузен модел со четири седишта во светот.

Bentley се погрижија и за намалување на масата на автомобилот и изјавуваат дека ова е најлесниот Continental GT досега, но сепак тежината е сеуште над два тона, поточно 2,280 килограми. За да се запре сета оваа тежина тука се најголемите керамички дискови за сопирање во светот кои се сместени позади сет од лесни 21-инчни ковани алуминиумски фелни.

Од надвор новиот Continental Supersports се одликува со нов преден и заден браник кои вдомуваат карбонски сплитер и дифузер, нови странични прагови и карбонски отвори за вентилација на поклопецот од моторот. Сите сјајни детали на екстериерот се обоени во црно, а задниот спојлер е понуден како опција и доаѓа заедно со специјален преден сплитер.

Ентериерот е обвиен во тробоен тапацир и дијамантски форми на седиштата и вратите, кои се „облечени“ во Алкантара. Bentley нуди повеќе материјали за украсување на инструмент таблата, во кои спаѓаат и карбонски панели со дизајн на шаховска табла.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.