Јапонскиот производител ја претстави најновата генерација на својот можеби најпопуларен модел – малиот Swift!

Дизајнот на новиот Swift е еволуција на дизајнот на досегашниот модел – да, моделот изгледа различно и поново, но веднаш ќе го препознаете како Swift. Интересно е што новиот Swift ќе се нуди во седум нивоа на опрема, и со три различни мотор – основата ќе биде 1.2-литарски четири-цилиндерски бензинец, чекор над него ќе биде хибридна верзија со истиот мотор, а на врвот на понудата во Suzuki Swift Sport ќе се нуди 1-литарски турбо-бензинец.

Хибридниот модел ќе биде со CVT менувач, додека основниот модел ќе се комбинира со 5-степен мануелен менувач. Основниот модел и хибридот ќе можат да се нарачаат со погон на предните или со погон на сите четири тркала, додека спортската верзија ќе оди со погон на предните тркала и со шест-степен автоматски менувач. Со новиот Swift, Suzuki ќе понуди и нови безбедносни технологии, меѓу кои исткнуваат систем за избегнување незгоди (Collision-Mitigation System) кој за прв пат ќе се нуди во модел на Suzuki, автоматско регулирање на долгите светла и адаптивен темпомат.

Продажбата на домашниот пазар ќе започне веќе на 4ти Јануари, а глобалната премиера ќе биде на Саемот на Автомобили во Женева, во Март.