M-Sport го откри новото издание на тркачката Ford Fiesta која ќе се натпреварува во следната сезона од Светскиот Рели Шампионат.

Новиот автомобил претрпе комплетна обнова во споредба со досегашата Fiesta RS WRC, па 95 проценти од новиот модел биле дизајнирани одново. Тимскиот шеф Малколм Вилсон верува дека нивниот „екстремно специјален“ нов предизвикувач, кој веќе помина над 6,000 километри во тестирање, ќе им овозможи на M-Sport да се натпреваруваат за титулата во следната сезона, по седум не многу успешни сезони.

Автомобилот ќе носи неколку различни тркачки шари во 2017, а објавени се и имињата на возачите кои ќе се најдат позади воланот на новиот модел. Себастиен Ожие и Жулиен Инрассиа ќе се натпреваруваат во боите на Red-Bull, додека Отт Танак и неговиот нов совозач Мартин Jарвеоja, ќе возат поинакви „геометриски инспирирани“ бои.

Со Volkswagen, Ожие ги освои последните четири шампионати. Ford има освоено три титули, во 1979, 2006 и 2007. Red Bull досега ги придружуваше победничките автомобили во последните девет години почнувајќи од Citroen C4 WRC со Себастиен Лоеб во 2008.

Кога ќе се земат сите овие работи во предвид, претпоставуваме дека ова е сезоната кога тимот на Ford ги има предиспозициите за повторно освојување на шампионатот.