full screen background image
Search

Освежување и за Skoda Octavia Scout

Чешкиот бренд продолжува со обновување на гамата на Octavia, а покрај седанот и караванот заедно со спортските RS варијанти, сега на ред дојде и рестилизирање на Octavia Scout.

Оваа теренски настроена изведба и понатаму се базира на караванската Octavia, а покрај повишеното растојание од подлогата за дополнителни 30 милиметри, располага и со дополнителни заштитни елементи на екстериерот, кровни носачи, поголеми алуминиумски тркала, електронско заклучување на диференцијалот и богата опрема.

Секако, како и кај останатите верзии од обновената Octavia, и Scout добива изменет преден дел со нови LED светла и помодерна решетка по примерот на поголемиот Superb. Исто така, помали измени претрпеа светлата за магла, задните светла и внатрешноста, од која сеуште не се објавени фотографии. Она што се знае е дека во внатрешноста е предвиден нов систем за информации и забава со екран од 8.0 или 9.2 инчи, како и опционален волан со греење.

agasrdth

Треба да се потсетиме дека Octavia караван има багажен простор со зафатнина од 610 литри со кренати и 1740 литри со наклонети седишта, а истото важи и за оваа Scout изведба. Што се однесува до погонските единици, во палетата се 2.0 TDI со 150 кс, кој сега може да се усогласи со седум-степена DSG трансмисија со двојна спојка, потоа 2.0 TDI со 184 кс и бензинецот 1.8 TSI со 180 кс.

Продажбата на рестилизираната Octavia Scout ќе започне во почетокот на наредната година, додека цените ќе бидат соопштени веднаш потоа.



Од секогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.