Сподели! ;)

Германскиот концерн најави интензивни инвестиции во електрификацијата, но нема целосно да се фокусира само на произведување на електрични возила.

Всушност, се зборува дека Volkswagen работи на врвна спортска изведба од градскиот „малишан“ Up!, која ќе биде наречена GTI. Изворот доаѓа од AutoExpress, кои изјавија дека веќе возеле таков прототип во Јужна Африка, а импресиите се навистина позитивни.

Се очекува најсилната верзија да користи 1.0-литарски три-цилидарски турбо-бензински агрегат, со зголемен компресионен однос и турбина со висок притисок. Ќе испорачува 114 коњски сили, кои се очекува да овозможат забрзување од 0-100 км/ч за 8.8 секунди. моторот ќе биде усогласен со шест-степен мануелен менувач, но не се знае дали ќе биде додаден и автоматски менувач во опција.

Визуелно, Volkswagen Up! GTI ќе се разликува од останатите изведби благодарение на нов заден спојлер, поизразени издувни цевки и контрастни ленти на каросеријата, додека во внатрешноста се очекува да добие поспортски волан и рачка на менувачот, црна инструмент табла со мали црвени точки и традиционалните спортски седишта со кариран дезен.

Ентузијастите ќе треба да почекаат 12 месеци за Volkswagen да го претстави „малиот градски тркач“, а исто така останува да видиме дали Seat Mii и Skoda Citigo ќе го следат истиот пат и ќе добијат свои спортски верзии.