Exide Premium Carbon Boost – Енергија без компромис! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Exide Premium Carbon Boost – Енергија без компромис!

Акумулаторите на американскиот гигант Exide голем број производители на автомобили ги користат како ОЕМ – „оригинален дел”. Тие пружаат висока стартна моќ и продолжен животен век до 4 пати подолг од стандардните акумулатори дури и при најтешките услови на експлоатација, а особено во студените зимски месеци и екстремно ниски или високи температури.

Exide е единствен бренд во Македонија кој во својата понуда ги опфаќа сите потреби за акумулатори на пазарот како за патничките, така и за разните теретни, агро, кампери, пловни и електрични возила, па дури и за воена опрема како тенкови и транспортери. Exide со “EXIDE Start-Stop AGM Carbon” акумулаторите e исто така единствен бренд на пазарот кој нуди ОЕМ (оригинални) акумулатори за најновата генерација на Start-Stop возила на пазарот со гаранција од 40 месеци.

Акумулаторите на овој американски бренд се користат како прва, оригинална инсталација кај скоро сите автомобилски брендови – BMW, Alfa Romeo, Fiat, Volkswagen, Audi, Seat, SkodaRenault, Peugeot, Citroen, Toyota, Kia, Hyundai, Ford, Iveco, Volvo Trucks, Scania, JCB, Claas и многу други. Сите акумулатори се произведени во согласност со најновите технологии и во потполност одговараат со квалитетот на оригиналните резервни делови. Единствено се произведуваат во најсовремени фабрики во Германија, Италија, Шпанија и Норвешка.

exide-carbon-boost

Exide Premium Carbon Boost акумулаторите нудат високо-концентрирана моќ како резулта на успешното комбинирање на големиот резервен капацитет и големата стартна енергија во еден производ. Големиот напредок во процесот на производството и извонредниот квалитет на основните материјали како краен резултат го има акумулаторот чии предности се:

  • Eкстремно висока стартна моќ при многу ниски или високи температури (+30%)
  • До 4 пати поголема трајност (над 8 години) од стандардните акумулатори благодарение на Carbon boost ефектот
  • Нема потреба од одржување, херметички затворен акумулатор
  • Ca-Ca технологија, Carbon Boosted ефект за двојно поголема спроводливост
  • Tестиран на дури -30 степени Целзиусовипо највисоките ADAC тестови
  • За возила со највисоко ниво на опременост, со многу стартувања при кратки релации
  • Висока отпорност на чести полнења и дополнувања

Premium Carbon Boost, благодарение на иновацијата од EXIDE со воведување на CARBON адитив на самите плочи за зголемена спроводливост, има поголема ефикасност во полнењето и се полни до 1.5 пати побрзо од стандардните акумулатори. Имајќи предвид дека проблемите со автомобилот најчесто се предизвикани од проблемите со акумулаторот, брзото полнење значително го намалува ризикот од проблемите со автомобилот што му помага на акумулаторот подолго да го задржи здравото ниво на полнење. За сите детали околу понудата на Exide во Македонија можете да се информирате на Еxide.mk, како и на нивната Фејсбук страница.

Извор: PR Exide



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.