Утринска Гимнастика: Porsche се збогува од конкурентот Audi во 24 часа Le Mans! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Porsche се збогува од конкурентот Audi во 24 часа Le Mans!

Пред три години Audi им посака добредојде во трката на издржливост 24 часа ЛеМан, а сега Porsche се збогува од својот најжесток ривал на прекрасен начин.

По успешни 18 години со освоени 13 победи во моторспортот, Audi го напушта Le Mans, исто како што и Volkswagen се повлече од WRC. Успесите беа неизбежни за обата бренда, и се надеваме дека еден ден повторно ќе се вратат – а до тогаш, останува само да се збогуваме на достоинствен начин.

Погледнете го прекрасниот потег на Porsche!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.