Automobili Group е новиот овластен увозник за Jaguar и Land Rover за Македонија и Косово – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Automobili Group е новиот овластен увозник за Jaguar и Land Rover за Македонија и Косово

Британските Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар – Automobili Group e новиот официјален импортер и дистрибутер на овие возила за Македонија и Косово.

„Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни дава за право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово: побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите.
Истовремено би сакал да им се заблагодарам и на Wallis Automotive Europe, официјалниот застапник на возилата на Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, за искажаната доверба и соработката со нашата компанија.“– изјави генералниот директор на Automobili Group – г-дин Кочо Бураку – на денешната прес-конференција која се одржа во ресторан FOUR, во склоп на Park Hotel & Spa.

automobili-group-panel

Automobili Group најави дека во моментов се подготвува целосно нов објект кој со површина од 680 квадратни и истиот ќе се состои од изложбен салон за Jaguar и за Land Rover, продажба и back office, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон е најавено за Април следната година.

jlr-salon2

„Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер, компанијата Automobili Group, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер за Jaguar и Land Rover на територијата на Македонија и Косово. Како што веќе знаете британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. Исто така до крајот на оваа финансиска година, Jaguar и Land Rover кој располагаат со најмладата гама, ќе комерцијализираат и три нови модели.“ – изјави генералниот директор на Wallis Automotive г. Ендру Прест.

jlr-salon1

Им честитаме како на Automobili Group, така и на Wallis Automotive, и им посакуваме многу среќа и успех во работата, и се радуваме што два легендарни брендови како што се Jaguar и Land Rover повторно официјално се присутни на нашиот пазар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.