Сподели! ;)

Францускиот производител победи на минатогодинешниот Dakar, па притисокот да се повтори победата оваа година е огромен – а за тоа е задолжен новиот 3008 DKR!

Peugeot е подготвен да се впушти во борба со предизвиците кои ќе ги фрли Dakar релито – а нивното оружје оваа година е 3008 DKR кој го заменува успешниот 2008 DKR. Развојот на новиот теренски тркач е скоро готов, па време е да го видиме 3008 DRK во своите „воени бои“ со боите на партнерите од Red Bull, Sparco, BFGoodrich и Тотал.

Погонот на 3008 DKR е кон задните тркала (а тоа помага да се намали тежината), додека силата доаѓа од 3-литарски твин-турбо V6 турбодизел. Зад управувачот ќе се најдат цела низа на легенди – Stephane Peterhansel, Carlos Sainz, несопирливиот Sebastien Loeb и Cyril Despres. Луѓето од Peugeot Sport сакаат да го освојат својот шестти Dakar трофеј во Јануари – а со ваква „постава“ на возачи и ваков автомобил, тоа изгледа сосем остварливо. Ќе видиме што ќе понудат Парагвај, Боливија и Аргентина!