Hyundai сака да се претплатите на IONIQ, но и бесплатно да го возите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai сака да се претплатите на IONIQ, но и бесплатно да го возите!

Новиот IONIQ е навистина значаен автомобил за Hyundai – и тие во Калифорнија ќе им понудат на купувачите да се „претплатат“ на електричниот модел, но ќе им понудат и бесплатни двочасовни возења!

Продажниот модел кој Hyundai ќе им го понуди на купувачите на IONIQ во Калифорнија е уникатен – со „претплата“ на IONIQ, купувачите ќе можат да купат „безгрижно искуство“ кое започнува онлајн со една фиксна наплата која нуди неограничени километри, бесплатно полнење, редовно одржување и замена на потрошни материјали и слични трошоци.

„Возбудени што ќе можеме да го понудиме IONIQ Unlimited моделот како иновативен, едноставен и безгрижен систем за поседување возило со новиот IONIQ Electric“ – изјави Дин Еванс, подпретседателот за маркетинг за Hyundai Motor America – „Ова искуство придонесува кон задоволството на возење бескомпромисно чист автомобил со неограничен број на километри и нула скриени трошоци. Време беше да го направиме поседувањето возило лесно за секого.“

IONIQ Unlimited програмата им нуди на купувачите можност да изберат возило од инвентарот на локалниот дилер, и кога трансакцијата ќе биде одобрена, сè што треба да направат е да го посетат дилерот, да потпишат неколку документи и да си заминат со своето ново возило.

HYUNDAI TEAMS UP WITH WAIVECAR TO OFFER IONIQ ELECTRIC VEHICLES AS PART OF FREE CAR-SHARING PROGRAM

HYUNDAI TEAMS UP WITH WAIVECAR TO OFFER IONIQ ELECTRIC VEHICLES AS PART OF FREE CAR-SHARING PROGRAM

Дополнително, Hyundai влегува во соработка со компанијата WaiveCar, и ќе им овозможи на купувачите да го возат електричниот IONIQ кога ќе им затреба, цели два часа, без надокнада. Ова функционира преку адвертајзинг – возилата се подвижни билборди со дисплеј монтиран на кровот на возилото и преку тоа генерира приход за WaiveCar. Рекламите кои се прикажуваат се временски и гео-таргетирани, и се прилагодени во согласност со локацијата на возилото и часовите во кои возилото се вози.

hyundai-ownership-program-rideshare-2

Сè што корисниците треба да направат е да ја инсталираат WaiveCar апликацијата на својот Android или Apple уред, да најдат IONIQ блиску до нив, да го резервираат и да возат. На корисниците нема да им бидат потребни никакви клучеви, бидејќи WaiveCar од трета локација ќе го отклучи или заклучи возилото. Корисниците ќе можат да го користат возилото до два часа, а потоа за мала надокнада (5.99 долари на час) ќе можат да го продолжат патувањето, или да го вратат возилото на одредена локација за да може следниот корисник да го преземе. Програмата ќе биде иницијално лансирана во Лос Анџелес во првата половина на следната година со 150 возила, а понатаму ќе бидат опфатени уште три градови со вкупно 250 возила.

Поврзано:   Hyundai го освежи електричниот Ioniq 5

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.