Париз 2016: Ferrari претстави пет специјални изведби за 70-тиот роденден – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Париз 2016: Ferrari претстави пет специјални изведби за 70-тиот роденден

Покрај импресивниот LaFerrari Aperta, за да ја прослави 70 годишнината на компанијата Ferrari претстави и пет специјални изведби од неговите пет најпопуларни модели на автомобилскиот саем во Париз.

Петте изведби ги вклучуваат моделите F12 Berlinetta, 488 GTB, California T и два примероци од 488 Spider. Првата изведба е базирана на моделот F12 Berlinetta и е наречена “The Stirling”. Таа му оддава почит на легендарниот Стирлинг Мос и историскиот модел 250 GT Berlinetta SWB кој тој го возеше кога ја освои титулата на трката Tourist Trophy во 1961 година. Располага со Blu Scuro тапацир на ентериерот, како и хоризонтална бела линија на предниот дел од екстериерот и бел круг за број на вратата.

Втората изведба е Ferrari 488GTB “The Schumacher” и оддава почит кон легендарниот успех на Михаел Шумахер и неговиот иконски F2003-GA F1 болид, со кој ја освои конструкторската шампионска титула во 2003. Овој автомобил е обоен во црвена боја и украсен со бели тркачки линии на покривот, страничните прагови и браниците, а тука се и специјални украсни елементи на екстериерот и во ентериерот.

Ferrari California T “The Steve McQueen” е третиот специјален модел, кој e инспириран од личниот автомобил на Стив Меквин – 250 GT Berlinetta Lusso од 1963 година, кој го добил како подарок од својата сопруга. Располага со кафеава боја на каросеријата и камилска кожа со специјални зашивки во кабината.

Четвртиот примерок е Ferrari 488 Spider “The Green Jewel”, обоен во слична зелена боја како онаа на моделот 365 P2 управуван од British David Piper Racing Team. Тој автомобил освои победа на трката Nine Hours of Kyalami во 1965 и 1966 година. Сега оживува повторно со оваа прекрасна специјална едиција.

Поврзано:   Ferrari 296 GTB на Novitec има 856 коњски сили!

Последниот модел е Ferrari 488 Spider Tailor Made, кој оддава почит кон иконскиот Pininfarina 375 MM од 1953 година. Носи ри-слојна Bianco Italia бела боја на каросеријата и специјална темно сина боја во ентериерот.

Секој од овие специјални модели е изложен на актуелниот саем во Париз, а потоа ќе тргне на светска турнеја низ 60 земји околу светот во текот на наредната година, со цел да ги прослави тркачките корени на Италијанскиот производител.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.