Париз 2016: За оние похрабрите, SEAT ја подготви Ateca X-Perience! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Париз 2016: За оние похрабрите, SEAT ја подготви Ateca X-Perience!

За оние кои сакаат поробустна верзија на новата и популарна Ateca, луѓето од Seat ја подготвија X-Perience верзијата која покрај моќниот мотор, носи и доработки за справување со незгоден терен.

Трансформацијата од Ateca во Ateca X-Perience започнува со тркалата – робустната верзија носи 18-инчни фелни обвиени во гуми кои подобро одговараат за напуштање на асфалтираните површини. Секако, тука е и 2-литарскиот TDI турбодизел кој испорачува 190 коњски сили преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка кон сите сите четири тркала преку Haldex систем.

Ateca X-Perience ќе ја препознате преку пластичните заштитни панели, новите браници, зголемените странични прагови и боја отпорна на гребење. Тука е и зголемената оддалеченост од подлогата, заштита на долниот дел од автомобилот и уште многу други додатоци. Во внатрешноста гледаме специјално изработен ентериер со спортски детали и додатоци – како што се портокаловите опшивки на спортските седишта и многу други ситници.

Сега за сега, луѓето од SEAT не кажуваат ништо за сериското производство на Ateca X-Perience, но не би биле изненадени доколку наскоро ја видиме во каталозите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.