Францускиот бренд го објави својот натпреварувач за светската рели титула во 2017 преку концепт кој ќе биде изложен на автомобилскиот саем во Париз во Октомври.

Пред неговото дебитирање во Јануари 2017 на славното Монте Карло Рели, C3 WRC е прикажан во концептна форма која според Citroen е многу блиска до конечниот авотмобил. Како што може да се забележи, тој е базиран на новиот C3 кој беше претставен пред неколку месеци, но доаѓа со преработена шасија и поародинамична каросерија направени според новите WRC регулативи кои ќе бидат имплементирани од следната година.

Малиот спортист изгледа агресивно со неговиот масивен преден спојлер и нагласеното задно крило, додека елементите од карбон му даваат на C3 WRC вистински тркачки изглед. Според новите регулативи, новиот натпреварувач на Citroen во WRC ќе располага со дијаметар на турбо рестрикторот зголемен од 33 на 36 милиметри. Надградениот 1.6-литарски турбо-бензински агрегат ќе испорачува околу 380 кс, речиси исто како C-Elysee моделот во WTCC.

qwertyu

Уште една промена за 2017 сезона е намалувањето на минималната тежина за 25 килограми споредено со моменталните возила. Новиот Citroen C3 WRC ќе се протега во должина од 4.15 метри и ширина од 1.9 метри, а ќе располага со електронска контрола на диференцијалот.

Citroen до сега има импресивна колекција од осум констуторски титули и вкупно 96 победи во Светскиот Рели Шампионат, а новиот C3 се очекува да ги продолжи овие успеси. Сепак, нема да биде се така лесно, бидејќи покрај вообичаените ривали, Францускиот тркачки тим ќе треба да му се спротивстави и на новиот учесник од Toyota GAZOO Racing – WRC моделот на Yaris.