Сподели! ;)

Има нешто посебно кога ќе видиме тркачки автомобил без многуте налепници и брендирања од спонзорите – а тркачкиот Volvo S60 Polestar TC1 наменет за WTCC шампионатот изгледа одлично во црна боја!

Автомобилот кој го гледаме на фотографиите е наменет за дополнително развивање на тркачкиот автомобил, но бидејќи Volvo и Polestar Cyan Racing минатата година објавија дека ќе се вратат во World Touring Car Шампионатот – она што го гледаме тука е блиску до финалниот автомобил наменет за тркачките патеки.

Планот на Volvo и Polestar Cyan Racing е оваа година да го усовршат автомобилот, следната година веќе да се впуштат во шампионатот, а годината потоа да атакуваат и на титулата – па додека еден автомобил оваа година веќе се натпреварува, овој, втор автомобил е конструиран за да можат инженерите да експериментираат и да ги усовршуваат системите.

Плус, мораме да признаеме дека вака црн, автомобилот изгледа злобно и застрашувачки – се гледа само „голиот“ карбон и деловите од челик. Ах, камо да можеше вака и да се натпреварува!