Ford ќе ја користи Model E ознаката за своите електрични возила. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ќе ја користи Model E ознаката за своите електрични возила.

Според Automotive News, Синиот Овал подготвува цела фамилија на електрични возила, која ќе ја носи ознаката Model E.

Ford веќе ги блокираше обидите на Tesla да ја заштити ознаката „Model E“, и според познавачите, во моментов работи на тоа да ја донесе таа значка на пазарот – и тоа со гама на целосно-електрични возила која ќе вклучува и компактен SUV.

Се шпекулира дека Ford ќе произведе серија на возила кои ќе се нудат како хибрид, плаг-ин хибрид и електрично возило. Она што е интересно е дека Ford ќе понуди неколку различни возила, не само еден модел во повеќе изведби, и со тоа ќе се обиде да понуди електрификација на различни сегменти на пазарот.

Интересно е што Ford веќе потврди дека еден од главните модели ќе биде седан замислен да биде конкурент на Tesla Model 3. Еден од челниците на Ford – Mark Fields – веќе потврди дека автомобилот ќе има слична автономија од околу 200 милји како и директните конкуренти. Автомобилот се очекува во 2019, а Ford веќе потврди дека ќе лансира 13 електрични или електрифицирани модели до 2020.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.