Освежениот електричен Nissan Leaf пристигна и кај нас! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежениот електричен Nissan Leaf пристигна и кај нас!

Освежениот Nissan Leaf е едно од најпопуларните електрични возила – и токму неколку примероци од овој еколошки автомобил пристигнаа во Скопје!

Изложениот Leaf е моделот Acenta 30 KWh и благодарение на електричниот погон има на располагање 107 коњски сили од 0 до 10000 вртежи во минутаи и 254 Nm вртежен момент достапни од 0 вртежи во минута. Електричниот мотор му овозможува забрзување до 100 километри на час за 11.5 секунди и максимална брзина од 140 километри на час.

Сепак, значително поинтересна е електричната автономија, а кај новиот Leaf таа е дури 250 километри – тоа се одлична бројка за комфорен хечбек кој тежи 1560 килограми и нуди 370 литри багажен простор.

Среќни сме што почнуваат електричните автомобили да земаат замав и кај нас – еден дел од иднината на автомобилите без сомнеж е електрична, па добро е што и ние ги следиме светските трендови. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност и самите подобро да се запознаеме со овој електричен бест-селер!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.