Тјунерите од Mountune го засилија Ford Focus RS на 375 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Тјунерите од Mountune го засилија Ford Focus RS на 375 коњски сили!

По преголемата побарувачка за купување на новиот Focus RS, тјунерската компанија Mountune претстави пакет за засилување на популарниот супер-хечбек.

Пакетот го засилува 2.3-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензински EcoBoost мотор за 25 коњски сили и 40 Nm, на конечни 375 коњски сили и 510 Nm вртежен момент, со 12-секунди активна Overboost функција. Придобивката на сила резултира со намалување на времето за забрзување од 0 до 100 километри на час за 0.2 секунди, односно на само 4.5 секунди. Максимална брзина останува на 266 км/ч.

За да ги постигне овие бројки, Mountune развиле посебен воздушен филтер, го измениле системот за воздушно ладење и го оптимизирале софтверот на компјутерската единица. Пакетот ја задржува фабричката гаранција на Ford и чини 899 фунти во Велика Британија. За негово вградување се потребни околу 90 минути во секој Mountune специјализиран дилер на Ford.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.