Официјално: Chevrolet Camaro ZL1 ќе нуди 650 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Chevrolet Camaro ZL1 ќе нуди 650 коњски сили!

Американските мускулести автомобили се вистински играчки за големи деца – а токму тоа се докажува и со новиот Chevrolet Camaro ZL1 кој благодарение на компресорски 6.2-литарски V8 има на располагате 650 коњски сили!

Што мислите, колку време му е потребно на Camaro ZL1  да постигне 100 километри на час? Одговорот е – само 3.5 секунди! Популарната четвртина милја може да ја помине за само 11.4 секунди, а сето тоа е благодарение на монументалниот 6.2-литарски V8 кој во соработка со компресор (Supercharger) испорачува 650 коњски сили и 880 Nm вртежен момент, но и на намалената тежина – Camaro ZL1 е цели 100 килограми полесен од стандардниот модел.

Дополнително, ќе добиете екстремен бодикит со аеродинамични подобрувања, проширена трага на тркалата, спортски ентериер и доза на американска агресивност. Во ред, можеби дизајнот е малку вулгарен и преагресивен, но мораме да бидеме искрени – Camaro ZL1 звучи како да е вистински забавен зад воланот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.