Bristol се враќа на сцената со новиот Bullet Speedster – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bristol се враќа на сцената со новиот Bullet Speedster

Bristol е легендарен британски производител на автомобили и по неколкугодишна пауза се враќаат на сцената со Bullet Speedster кој крие 4.8-литарски V8 со 370 коњски сили!

Новиот модел на Bristol се вика едноставно Bullet – и навистина изледа како куршум. Дискретните класични линии му даваат безвременски ретро изглед, но верувајте – Bristol Bullet има многу што да понуди. Под поклопецот се крие 4.8-литарски V8 кој влече потекло од BMW, но е целосно преработен од страна на инженерите на Bristol. Моторот испорачува 370 коњски сили и 500 Nm вртежен момент – сосем доволно за малиот спидстер да може да забрза до 100 километри на час за само 3.8 секунди и да постигне максимални 255 километри на час.

Компактниот Bullet Speedster носи многу технологија – централно-поставениот мултимедијален уред нуди дигитално радио, можност за поврзување со паметен телефон, Bluetooth, Wifi и навигација. Седиштата се обложени во скапа кожа, а централната конзола може да биде изработена од дрво или од карбон – и сето тоа изгледа толку добро.

Одлично враќање на сцената!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.