Mercedes-Benz GLC Coupe кој го дизајнираше Славче Таневски започна да се произведува! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz GLC Coupe кој го дизајнираше Славче Таневски започна да се произведува!

Малиот GLC Coupe кој воедно е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски започна да се произведува во фабриката на Mercedes-Benz во Бремен, Германија!

GLC Coupe се приклучува кон останатите SUV модели на Mercedes-Benz и ги следи насоките на големиот GLE Coupe. Еден од најважните атрибути на GLC Coupe покрај авантгардниот дизајн е и спортската суспензија, но и воздушната суспензија која може да се нарача покрај 4-Matic погонот на сите четири тркала и 9G-Tronic менувачот со 9 степени на пренос.

„Со стартот на производството на GLC Coupe продолжуваме да ја шириме нашата SUV фамилија како еден од најважните елементи во стратегијата за раст на Mercedes-Benz. Истовремено, ја зајакнуваме улогата на фабриката во Бремен како главна локација за производство на овие автомобили во рамките на нашата флексибилна производна мрежа. Тимот одлично си ја работи работата“ – изјави Markus Schaefer од Mercedes-Benz.

Покрај новиот GLC Coupe, во фабриката во Бремен има уште еден новитет – и тоа новото седиште за вработените кое ги држи во идеална ергономска позиција и ги поместува онаму каде се потребни за да можат полесно да работат на автомобилот.

Во Бремен се произведуваат десет модели. Фабриката е најголемиот работодавач во регионот – вработува 12.500 луѓе.

Воедно, ова е првиот сериски автомобил на Mercedes-Benz кој е целосно потпишан од македонскиот дизајнер Славче Таневски. Ние веќе имавме можност да зборуваме со него и да дознаеме нешто повеќе како за него, така и за неговото работно место.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.