Сподели! ;)

Сакате да го искусите легендарниот „Зелен Пекол“ на несекојдневен начин? Тука е Jaguar F-Type SVR во улога на Ringtaxi!

Британскиот производител ја нарекува програмата „Jaguar Co-Pilot Nordschleife“ и преку неа им овозможува на обичните смртници да го искусат легендарниот Nurburgring на навистина несекојдневен начин.

jag-ringtaxi-rear

Момците и девојките од Jaguar ќе ви дадат тркачко одело, тркачка кацига и целосен HANS (Head and Neck Support) систем, па ќе ве седнат во Jaguar F-Type SVR и ќе ве завртат „едно кругче“ околу Nurburgring. Но тоа нема да биде обично кругче, бидејќи F-Type SVR има на располагање 5-литарски V8 кој благодарение на компресорот испорачува монструозни 575 коњски сили и постигнува максимална брзина од 322 километри на час, а забрзувањето „до стотка“ трае само 3.7 секунди!

За да можете да го искусите ова морате да имате најмалку 18 години, а задоволството ќе ве чини 295 евра – но ќе добиете и специјален брифинг како и видео материјали од искуството. Програмата започнува сега, а ќе биде достапна до крајот на Октомври. Кој е заинтересиран?