Subaru го подобри својот рекорд на Isle of Man со специјален WRX STI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru го подобри својот рекорд на Isle of Man со специјален WRX STI

Во понеделникот, професионалниот рели возач и ветеран на трките Isle of Man TT – Марк Хигинс го подобри својот рекорд на 60 километри долгата патека со време од 17 минути и 35 секунди за еден круг.

Возениот автомобил е специјално развиен модел на WRX STI, направен во соработка помеѓу Subaru и Prodrive, со техничка асистенција од Subaru Tecnica International (STI). Придвижуван е од 2.0-литарски турбо-бензински боксер мотор, навиен да испорачува помеѓу 500 и 600 кс и околу 540 Nm вртежен момент.

Бидејќи поголемиот дел од Isle of Man TT се вози со педалата до под, автомобилот е опремен со систем за намалување на воздушниот отпор кој се вклучува преку копче на инструмент таблата. Во свиоците, задниот спојлер се ротира за подобра тракција. Гледано како целина, овoj модифициран автомобил е сериозно тркачко возило.

Марк Хигинс всушност по втор пат го подобри својот минатогодишен рекорд. Во саботата успеа да помине еден круг околу патеката за 17 минути и 49 секунди, но во вторникот беше побрз за дури 14 секунди. При ова рекордно возење, неговата просечна брзина изнесувала 207.17 км/ч. Во петок ќе се одржи и третото возење, а ние со нетрпение го очекуваме резултатот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.