CITROËN останува посветен на комфорот – деби на нова суспензија и нова технологија за седишта! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CITROËN останува посветен на комфорот – деби на нова суспензија и нова технологија за седишта!

Францускиот бренд познат по своите беспрекорно комфорни автомобили останува посветен токму на тоа – глобалниот пристап кон комфорот го демонстрира со Citroen Advanced Comfort!

Цел еден век, поимот комфор се поистоветува со Citroën, а слоганот „Confort Citroën“ стана посебно обележје на брендот и во делот на дизајнот и корисната технологија. Во согласност со развојот на очекувањата на клиентите, дефиницијата за комфор значително се измени и денес во себе опфаќа повеќе критериуми во делот на осветлувањето, ергономичноста или пак интернет поврзаноста. Во својата глобална димензија Citroën ја лансира програмата „Citroën Advanced Comfort®“ – станува збор за програма која ја опфаќа актуелната гама, на пример новиот C4 Picasso, но истовремено го претстави и „Citroën Advanced Comfort® Lab“ прототипот кој во себе интегрира конкретни и оригинални технологии, од примерот на хидраулично прогресивно потпирање, иновативни седишта и нов начин за структурално спојување.

citroen-comfort-rear

Програмата „Citroën Advanced Comfort“ има четири цели:

  • Заштита на патниците од надворешните негативни влијанија како во делот на потпирањето така и на ниво на звучна изолација, за да се чувствуваат во возилата на Citroën како во заштитна капсула. Удобност во возењето;
  • Удобен престој во автомобилот со бројни просторни и практични прегради и фиоки. Удобен живот;
  • Целосно уживање при управување на возилото благодарение на интуитивна технологија, корисна асистенција во секојдневието, како и дигитално опкружување на патниците во автомобилот. Комфор при управување;
  • Гаранција за релаксираност на возачот во управувањето и приказ на информации кои му се навистина потребни за еден смирувачки внатрешен амбиент. Комфор на духот.

citroen-comfort-spring

Сепак, поинтересно е да се види како тоа се преточува во нешто опипливо, а тоа го добиваме преку Citroen Advanced Comfort Lab прототипот базиран на одличниот Citroen C4 Cactus. Овој концепт носи иновативни решенија кои сме навикнати да ги очекуваме од Citroen, а меѓу нив вбројуваме нови, иновативни хидраулични амортизери, и нов дизајн на седиштата кој дополнително го потенцира комфорот.

Кај прототипот е вграден нов систем за потпирање кој користи „прогресивни хидраулични перничиња“ покрај традиционалната суспензија базирана на пружини и амортизери. Овие „перничиња“ кои се додадени во системот за амортизација се идеално нагодени да ги впиваат нерамнините и вибрациите.

citroen-comfort-interior1

Системот е дизајниран постепено (наместо инстантно) да го намали вертикалното движење, при што ги впива и неутрализира силите кои се генерираат при удари во поголеми нерамнини. Според Citroen, овој систем го испорачува возењето „како на волшебен ќилим“ кој традиционалниот хидрауличен систем кај брендот го нудеше, но по значително пониска цена за производство и монтажа.

citroen-comfort-interior2

Дополнително, кај концептот дебитираат и нови седишта инспирирани од комфорните кревети, и користат „мемориска пена“ како материјал за изработка. Според Citroen, овие седишта нудат исклучителен комфор, а производителот планира да ги направи овие технологии достапни низ целата гама на возила кои ги нуди. Одличен напредок!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.