Opel ги затегна брчките на моноволуменецот Zafira – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel ги затегна брчките на моноволуменецот Zafira

Германскиот бренд го редизајнираше својот голем моноволуменец со цел да го направи попривлечен за купувачите.

Закажан да пристигне во претставништвата во Септември, моделот добива еволутивен дизајн кој позајмува неколку дизајнерски детали од новата Astra. Почнувајќи од предниот дел, се забележува поспортско лице со изменета решетка и нови отвори за воздух, а моделот може да биде опремен со новите опционални LED адаптивни предни светлосни групи.

Ентериерот исто така добива измени – дизајнерите инсталирале нов волан со три краци, обновена инструмент табла и новиот IntelliLink систем за информации и забава со дисплеј од 7 инчи. Овој систем ги отстранува многуте копчиња и нуди компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto. Моноволуменецот добива и OnStar поврзаност како и великодушен багажен простор кој може да собере до 1,860 литри товар.

2017-opel-zafira-officially-revealed-looks-great-for-an-mpv_5

Во понуда ќе биде цел асортиман од најразлични опции вклучувајќи од панорамски сончев кров па сè до систем за лежерно седење. Zafira исто така може да биде опремена со подобрена Opel Eye камера која доаѓа со системи за предупредување за преден судир, индикација за далечина на следење и асистент за препознавање на сообраќајни знаци. Купувачите ќе можат да одберат и адаптивен темпомат, систем за предупредување при напуштање на лентата и FlexRide шасија која континуирано ја адаптира суспензијата за да одговори на моменталните услови на патот.

Opel не објави спецификации и информации за перформансите на моделот, но потврди дека Zafira ќе биде првото возило во својот сегмент кое ќе нуди агрегати со погон на бензин, нафта, плин и земен гас.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.