Утринска Гимнастика: Лудиот Mike Whiddett и неговата дрифт Mazda MX-5 „Radbull“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Лудиот Mike Whiddett и неговата дрифт Mazda MX-5 „Radbull“

Познатиот дрифтер – Лудиот Мајк – и неговата уникатнo подготвена Mazda MX-5 наречена Radbull ни прикажуваат нова доза од убавината на професионалниот дрифт.

На тркачката патека Highlands Motorsport Park во Кромвел, Отаго, Нов Зеланд, „Mad“ Mike Whiddett седнува во седиштето на малиот роудстер, погонуван од четири-роторен, твин-турбо 26B ванкел мотор и ги покажува своите вештини и моќноста на специјалната Radbull креација. Во првото видео го гледаме возењето во одлична продукција, додека второто е снимка од 360 степени од над предното ветробранско стакло.

Погледнете ги видеата и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.