Авто Картинг Клубот Никола Карев објави онборд видеа од побрзите возења на три членови од нивниот клуб, на патеката Превала, Косово.

Како што објавивме во понеделникот, изминатиот викенд се одржа ридско-планинската трка Превала Косово 2016, а на истата земаа учество осум Македонски натпреварувачи во Промо класата. Тука се видеата од кабините на возилата на Југослав Милошевски, Коста Николовски и Филип Џуклески.

Најбрзиот од екипата, Југослав Милошевски се натпреваруваше со Opel Corsa 2000 Група N и го зема второто место во класата со постигнато време од 1 минута и 42,091 секунди. Коста Николовски учествуваше со возилото на Исмаил Смани – Yugo 1150 Група A и финишираше на петтата позиција со измерено време од 1:55.206, додека Филип Џуклески исто така со позајмено возило Yugo 1150 Група А на Георгиј Наков заврши на деветтото место со време од 2:00.222.

Погледнете како изгледа патеката Превала од внатрешноста на возилата и како извозеа дел од македонските натпреварувачи и секако – уживајте!