Саботава во Скопје ќе се одржи 11-тата Изложба на Историски Автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Саботава во Скопје ќе се одржи 11-тата Изложба на Историски Автомобили

Нашите пријатели од Peugeot по трет пат се главните покровители на веќе традиционалната Историски Автомобили, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во навистина прекрасни одлтајмери, но и автомобили од гамата на францускиот бренд!

Изложбата на Историски Автомобили (или, подобро познати како „Олдтајмери“) оваа година ќе се одржи по 11-ти пат. Веќе е потврдено дека ќе учествуваат преку 60 историски возила и преку 20 стари моторцикли. Според она што ни е најавено, најстарото возило е произведено во далечната 1936-та година, а најстариот примерок на Peugeot е произведен во 1968-ма година.

izlozba-pokana

Настанот заеднички го организираат Еуроимпекс и АМК Џип Рели Спорт. Ова е нивна трета ваква соработка:

„Изминатите 2 години, домаќин на настанот беше Еуроимпекс и истиот се одвиваше во кругот на компанијата. Оваа година ќе се понуди нешто малку поинакво, па настанот овој пат ќе се одвива на ул. Михаил Чоков кај Општина Центар (кај Градски парк). Свеченото отворање ќе биде од 11:00 часот, а доделувањето на признанијата, прогласувањето на победниците и затворањето на изложбата во 15:00 часот.“– изјави Ана Николоска, Маркетинг асистент во Еуроимпекс.

izlozba-oldtajmeri-skopje2

Покрај многуте несекојдневни олдтајмери и моторцикли, на изложбата ќе бидат претставени и автомобилите од гамата на Peugeot, како и другите брендови зад кои стои Еуроимпекс – маслата Total и Valvoline, Toyo пневматиците, Banner акумулаторите и продуктите од програмата на Professional Tuning.

Секако, и ние ќе бидеме таму, па дојдете да се видиме и да уживаме во автомобилите! Во меѓувреме разгледајте ги фотографиите во минатогодинешната изложба, а ние се гледаме во Сабота во 11 часот на паркингот пред Општина Центар, односно кај Ван Гог и Калдрма! ;)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.