Hyundai претстави Elantra Sport со 201 коњска сила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai претстави Elantra Sport со 201 коњска сила

Корејскиот бренд на домашниот пазар претстави спортска извеба од седанот Elantra, којa таму е познатa под ознаката Avante.

Моделот ќе го препознаете преку редизајнираниот преден браник со поголеми отвори за довод на воздух, ‘Turbo’ ознака на решетката, хоризонтални LED дневни светла, HID светлосни групи, поистакнати странични прагови, изменет заден браник со интегриран дифузер, хромирани завршетоци на издувниот систем и задни светлосни групи со изменета графика.

Дизајнот го комплетираат сет од 18-инчни фелни, обвиени во 225/40 пневматици, но Hyundai како опција нуди ‘Extreme Package’, кој вклучува заден спојлер, 18-инчни фелни со поинаков дизајн и дополнителни делови за подобрување на перформансите. Во кабината, Elantra Sport добива поспортски седишта, волан со зарамнето дно, како и детали од карбон фибер и црвени акценти.

Под поклопецот на Elantra Sport се наоѓа 1.6-литарски T-GDi четири-цилиндерски турбо-бензинец кој произведува 204 кс и 265 Nm вртежен момент, и доаѓа со шест-степен мануелен менувач, а како опција може да се одбере седум-степен автоматска менувач со двојна спојка. Забрзувањето од 0-100 км/ч трае 8 секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.