Ова се најбезбедните автомобили за пешаците според EuroNCAP – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова се најбезбедните автомобили за пешаците според EuroNCAP

Во Европа, околу 14% од сите сообраќајни несреќи вклучуваат пешаци, што ги прави EuroNCAP тестовите екстремно значајни и пресудни во целокупниот безбедносен рејтинг на еден автомобил.

Рејтингот за заштита на пешаци се одлучува со тестирање на структурата на предниот дел како поклопецот на моторот, ветробранското стакло и браникот. Тим од експерти потоа го проценува потенцијалниот ризик од повреди на главата, карлицата и горниот и долниот дел од ногата на пешакот. Секако, доколку автомобилот доаѓа со некој тип на автономен систем за сопирање во итни случаеви, ќе добиде дополнителни поени. Ова се најдобрите пет “пешачки-настроени” модели кои биле тестирани од независната безбедносна организација:

1. Mazda MX-5
Новиот Јапонски роудстер освои максимум од 93% во текот на тестирањата за EuroNCAP за безбедност на пешаци, со освоени 21.7 бодови при удар на глава, 6 бодови при удар на карлица и 6 бодови при удар на нога. Можеби некој ќе помисли дека одличниот резултат е постигнат благодарение на ниската височина на моделот, но дизајнирањето на еден автомобил со безбедноста на пешаците во план е многу посложено од одлуката за тоа колку високо или ниско ќе биде возилото.

2. BMW Z4
Уште еден роудстер, со вкупен резултат за безбедност на пешаци од 91% со бодови при удар на глава, карлица и нога многу слични до оние забележани кај MX-5.

3. Infinity Q30
Вкупен резултат од 91% (исто како Z4), со еднакви бодови за удар на нога како MX-5 (0.2 повеќе од Z4). Q30 има повеќе системи за активна безбедност од Z4 и MX-5, а овие системи влијаат на резултатот навистина многу.

Поврзано:   ТЕСТ: Mazda CX-60 E-SKYACTIV PHEV Homurа - Голем, ефикасен и моќен SUV

4. Volvo V40
Тоа што автомобил на Volvo е на оваа листа не е никакво изненадување, кога ќе се земе во предвид опсесијата на Швеѓаните со безбедноста уште од дамнешни времиња. V40 има рејтинг од 5 ѕвездички и всушност нуди најдобра заштита при удар на главата. Моделот доаѓа со првото воздушно перниче за пешаци во светот, што во овој случај е главната причина зошто котира најдобро во областа за најдобра заштита при удар на главата.

5. Mazda CX-3
Иако технички е кросовер, CX-3 забележа подобар резултат од новата Opel Astra или спортскиот Audi TT кога станува збор за заштита на пешаците. Дури нуди подобра заштита при удар на главата од помалата Mazda 2 (вкупен идентичен резултат), додека при удар на карлица излегува полоша.

Мазда со сигурност се докажа многу добро со MX-5, CX-3 и Mazda 2. Сепак, Infinity Q30 и Volvo V40 се единствените автомобили во оваа топ 5 листа кои се наградени со целосен EuroNCAP рејтинг со 5 ѕвезди. Ние добро ги познаваме овие модели на Mazda – прочитајте ги нашите тестови на Mazda MX-5, Mazda CX-3 и Mazda 2.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.