Volkswagen Motorsport најавува ново, полесно и помоќно Polo WRC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Motorsport најавува ново, полесно и помоќно Polo WRC

Спортската дивизија на Volkswagen најавува ново Polo WRC кое ќе ја продолжи доминацијата во Светскиот Рели Шампионат.

Volkswagen Motorsport објави скица од новото Polo WRC кое од следната сезона ќе се бори во Светскиот Рели Шампионат (WRC). На новиот автомобил се работи уште од 2015, кога FIA објави нови правила со кои ќе дозволи зголемување на моќноста на возилата до 380 коњски сили – односно околу 60 коњски сили повеќе од досега.

Дополнително, новиот автомобил ќе биде 50 милиметри поширок и 25 килограми полесен. „Новите правила за 2017 вклучуваат спектакуларни иновации за Светскиот Рели Шампионат“ – изјави Jost Capito, директорот на Volkswagen Motorsport – „автомобилите ќе бидат значително подинамични, но истовремено и побезбедни. Најважното кое треба да го постигнеме пред почетокот на следната сезона е да ги исполниме сите предуслови за новото Polo R WRC да биде исто толку успешно како и двете минати генерации.“

На тимовите ќе им биде дозволено да користат електронски централен диференцијал, а благодарение на новите правила за аеродинамика на возилата, тимовите сега можат да користат и поголеми предни и задни спојлери. Останува само да го почекаме стартот на следната сезона за да ги видиме ефектите од новите правила.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.