Првата трка оваа година беше навистина возбудлива – на подиумот завршија Nico Rosberg и Lewis Hamilton од Mercedes и Sebastian Vettel од Ferrari!


Одличен старт на сезоната за тимот на Mercedes – на најгорното место на подиумот заврши Nico Rosberg, додека веднаш зад него заврши и тековниот светски шампион, Lewis Hamilton. На третата позиција стигна Sebastian Vettel од Ferrari. Rosberg победи со водство од 10 секунди пред Hamilton. Поранешниот четворократен шампион Vettel водеше скоро до самиот крај, односно до неговото последно влегување во боксот. Тој имаше навистина одличен старт и уште на самиот почеток заграби одлично водство во Albert Park.
Ова беше 15-та победа на Rosberg во неговата кариера, и интересно – четврта последователна по неговата доминација на последните трки минатата сезона.

Сепак, меѓу највозбудливите случувања беше токму спектакуларниот судар кој се случи меѓу Fernando Alonso и Esteban Gutierez. McLaren-от на Alonso го поткачи болидот на Gutierez и она што го видовме беше навистина возбудливо. За среќа немаше повредени – Шпанецот беше извлечен од болидот и успеа самиот пешки да отиде до медицинскиот центар каде беше прегледан.