Отворен новиот салон на BMW и MINI за Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Отворен новиот салон на BMW и MINI за Македонија!

М Кар е новиот увозник за BMW и MINI за Македонија и Косово, а ние го посетивме нивниот салон да ги видиме новите модели на овие брендови!

Од 2015 година, М Кар, компанијата која е авторизиран претставник на BMW Групацијата, Toyota, Mazda, Suzuki и Kia за Бугарија, се прошири и во Македонија и стана новиот ексклузивен увозник за BMW и MINI во Македонија и Косово. Спојувајќи ги своето досегашно искуство и новите стандарди на работење, компанијата е уверена дека ќе забележи успех во ре-лансирањето и продажбата на овие премиум брендови на македонскиот пазар и дека ќе обезбеди сигурна и врвна пост продажна поддршка на корисниците на BMW и MINI.

М Кар, новиот увозник, ќе ги преземе целокупниот имот и постоечките работни простории на BMW и MINI во Скопје и ќе функционира преку нов менаџерски тим, современ пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа на корисници. Во моментов, салонот е во финални фази на подготовка, но веќе е подготвен да ги прими поранешните и сегашните сопственици, како и идните сопственици на овие брендови. Ние им посакуваме одлична работа и соработка во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.