Bugatti најавува ново поглавје и со видео, но и интересна игра на зборови најавува нов модел!
Користејќи го хаштагот #imaginEBugatti тие најавуваат нов модел – и повеќе од очигледно ги истакнуваат буквите E и B во најавата. Дали тоа значи дека Bugatti повторно ќе има модел со ознаката EB (како што беше EB110), или пак дискретно најавуваат електричен (или хибридизиран) модел, останува да видиме. Секако, EB е и своевидно изразување почит кон Ettore Bugatti.
Веќе беше уловен наследникот на Veyron, а според најавите можеме да очекуваме модел со 1500 коњски сили и 1500 Nm вртежен момент. Останува да почекаме и да видиме!