Официјално: Претставен новиот Ferrari 488 Spider! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Претставен новиот Ferrari 488 Spider!

За оние кои сакаат да уживаат во вистинската егзотика под отворено небо, Ferrari сега го нуди турбо-полнетиот 488 во Spider изведба!

Како и својата сестра со тврд покрив, и 488 Spider го носи истиот 3.9-литарски V8 кој испорачува 660 коњски сили, благодарение на кои кабриолетот (со тврд преклоплив покрив) може да забрза „до стотка“ за рамно 3 секунди, а до 200 километри на час за 8.7 секунди.

Според Ferrari, новиот цврст преклоплив покрив е 25 килограми полесен од платнен, а потребни му се 14 секунди да се отвори или затвори. 488 Spider е само 50 килограми потежок од 488 GTB. Истовремено, според Ferrari – 488 Spider е најаеродинамичниот кабриолет кој досега го направиле. Вреди да се истакнат задните отвори за воздух кои насочуваат свеж воздух во моторот, како и задното електрично стакло кое функционира како дефлектор. Доколку возачот сака, може целосно да го спушти, за колку што е можно повеќе звук да влегува во кабината.

Премиерата е закажана за саемот на автомобили во Франкфурт во Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.