Лансиран новиот Volkswagen Passat GTE, ветува автономија на струја од 50 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Лансиран новиот Volkswagen Passat GTE, ветува автономија на струја од 50 километри!

Новиот хибриден Volkswagen Passat GTE ветува системска моќност од 218 коњски сили, автономија на струја од 50 километри и потрошувачка од само 1.6 литри бензин на 100 километри!

Хибридниот Passat GTE оваа седмица беше лансиран на германскиот пазар, и нуди 1.5-литарски TSI турбо-бензинец со 156 коњски сили, како и електромотор од 115 коњски сили, за вкупна системска моќност од 218 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

Секако, ќе забележите суптилни козметички разлики, како што се поинкавите браници со сини детали, но сепак тие се наменети за вистинските познавачи на VW. Она што нам ни е интересно е автономијата од 50 километри на струја благодарение на електромоторот и батеријата со капацитет од 12.2 kWh. Во хибриден режим на работа, можете да очекувате потрошувачка од 1.6 литри на 100 ккилометри!

Цената во германија на хибридниот Passat започнува од 44.250 за седан-изведбата, односно 45.250 евра за караванската изведба, а за тие пари ќе добиете навистина многу опрема, но и меѓу најмодерните хибридни погони на пазарот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.