Renault подготвува пикап изведба на Duster! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault подготвува пикап изведба на Duster!

Во некои делови од светот, автомобилите на Dacia се продаваат под логото на Renault, а токму францускиот бренд најавува пикап изведба на популарниот Duster!

Renault ќе го претстави овој интересен модел на саемот на автомобили во Буенос Аирес на 18ти Јуни, а го нарекува Sport Utility Pickup, и според луѓето од Renault, „ги наследува сите квалитети кои стојат зад успехот на Duster.“

renault-duster-pickup-rear

Новиот модел ќе има двојна кабина со четири врати, пет седишта и голем багажен простор. Според она што се најавува, во Аргентинскиот модел ќе се вградуваат атмосферските бензинци со зафатнина од 1.6 и 2 литри, а доколку се појави во Европа, сигурно би ги добил моторите кои се нудат кај нас, вклучувајќи го и 1.5-литарскиот dCi турбодизел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.