Злобното изгледа фантастично – McLaren P1 by MSO! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Злобното изгледа фантастично – McLaren P1 by MSO!

McLaren Special Operations е дивизијата на McLaren која се занимава со изработка на екстремни и уникатни верзии на автомобилите на брендот – а овој злобен P1 изгледа одлично!

Рецептот е едноставен – земете црн McLaren P1 и додадете му разни црвени детали – како на екстериерот, така и во ентериерот. Резултатот е навистина одличен – а комбинацијата на бои без сомнение нè тера да размислуваме во насока на F1 болидот на McLaren, поточно McLaren-Honda MP4-30.

mso-p1-side

Секако, ова е возило изработено по нарачка за клиент, и можеме само да му честитаме на среќниот купувач на вистинскиот избор на автомобил, но и на начинот за персонализација!

mso-p1-interior

Особено ни се допаѓа изработката на ентериерот – црвените детали се привлечни, без да изгледаат вулгарно. Ни се допаѓа и преминувањето од црвена кон црна боја на вратите – одличен детал!

mso-p1-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.