КОНЦЕПТ: BMW го претстави 3.0 CSL Hommage – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

КОНЦЕПТ: BMW го претстави 3.0 CSL Hommage

Концептот влече инспирација и е своевиден омаж на 3.0 CSL од далечните 70-ти години, и истовремено е показател за тоа колку минатото може да ја одредува иднината на еден бренд.

„BMW 3.0 CSL Hommage оддава почит кон инжинерските успеси кои ги претставуваше оригиналниот BMW 3.0 CSL во неговиот дизајн и неговите перформанси. Со интелигентна конструкција и користење на лесни материјали, 3.0 CSL Hommage го носи карактерот на стариот модел во 21-виот век, и го покажува во еден нов и возбудлив лик.“ – изјави Adrian van Hoydonk, одговорниот за дизајн во BMW.

Според она што BMW го најавува, новиот концепт е придвижуван од „моќен шест-цилиндерски линиски мотор со eBoost“, а ние претпоставуваме дека се работи за некаков 3-литарски шест-цилиндерски мотор кој има некаква хибридна компонента. Сега за сега нема дополнителни детали околу механичките компоненти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.