Претставено новото Chevrolet Camaro, добива 2-литарски турбо-бензинец! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставено новото Chevrolet Camaro, добива 2-литарски турбо-бензинец!

Новото Camaro на Chevrolet доаѓа со нови мотори, целосно нов дизајн и екстремна диета од околу 90 килограми!

Борбата за превласт меѓу американските мускулести автомобили не престанува – по премиерата на новиот Mustang кој доаѓа со 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец, и Chevrolet мораше да одговори на предизвикот. Новото Camaro (покрај традиционалниот и неизбежен V8) ќе се нуди и со 2-литарски турбо-бензинец. Овој мотор нуди 270 коњски сили и 370 Nm вртежен момент – доволно за Camaro да стигне „до стотка за помалку од 6 секунди.“

Секако, за оние кои сакаат повеќе, тука се 3.6-литарскиот V6 и 6.2 литарскиот V8. Првиот нуди 330 коњски сили, додека големиот V8 нуди 455 коњски сили. Сите мотори можат да се комбинираат со автоматски или мануелен менувач.

Од фотографиите можеме да забележиме дека како екстериерот, така и ентериерот се со целосно нов дизајн и нови елементи. Според најавите од Chevrolet, подобрена е и ергономијата, а ќе има и нов систем за амбиентално осветлување. Ривалството продолжува!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.