Formula 1: Победа за Vettel во болидот на Ferrari! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula 1: Победа за Vettel во болидот на Ferrari!

Втората трка од новата Формула 1 сезона помина во знакот на четирикратниот светски шампион и неговата прва победа за новиот тим, остварена пред бранителот на титулата Луис Хамилтон од Мекларен.

Одличен ден имаше денеска тимот на Ферари на патеката „Сепанг“ во Малезија каде што тие не само што успеаја да ја прекинат доминантната серија на Мерцедес, туку и на крајот се најдоа на две од првите четири места. Она што секако е најважно за тимот од Маранело, а веројатно и за целата Ф1 сезона, е триумфот на Себастијан Фетел, негов вкупно 40-ти во кариерата и прв во болидот на Ферари, тим од кој стана дел во декември минатата година. На второто место, со осум и пол секунди послабо време од победничките 1:41:05.793 на Германецот се најде актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес додека трет беше тимскиот колега на Британецот, Нико Розберг.

vettel-f1-car

Четврти заврши Кими Раиконен од Ферари, кој одлично се врати во игра по проблемите кои ги имаше на стартот. Како клучна за победата на Фетел се покажа добрата тактика на Ферари, како и лошата на Мерцедес и недостигот од пневматици на тимот кој го брани тронот во конкуренција на конструктори.

Покрај првата победа за Ферари по пауза од речиси две години секако за издвојување е и одличниот ден за тинејџерот Макс Ферстапен кој во својот Торо Росо стана најмладиот освојувач на бодови во историјата на Ф1. Седумнаесетгодишниот Холанѓанин трката ја заврши на седмата позиција. Следната, трета трка од новата сезона се вози во Шангај за Големата награда на Кина на 12-ти следниот месец.

Резултати:

1. Себастијан Фетел (Германија) Ферари 1:41:05.793

2. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес + 8.569

3. Нико Розберг (Германија) Мерцедес + 12.310

4. Кими Раиконен (Финска) Ферари + 53.822

5. Валтери Ботас (Финска) Вилијамс + 1:10.409

6. Фелипе Маса (Бразил) Вилијамс + 1:13.586

7. Макс Ферстапен (Холандија) Торо Росо + 1:39.085

8. Карлос Саинз јуниор (Шпанија) Торо Росо + еден круг

9. Данил Квјат (Русија) Ред Бул + еден круг

10. Данијел Рикардо (Австралија) Ред Бул + еден круг

11. Роман Грожан (Франција) Лотус + еден круг

12. Фелипе Наср (Бразил) Заубер + еден круг

13. Серхио Перез (Мексико) Форс Индија + еден круг

14. Нико Хилкенберг (Германија) Форс Индија + еден круг

15. Роберто Мерхи (Шпанија) Менор + три круга

Генерален пласман на возачи:

1. Луис Хамилтон 43

2. Себастијан Фетел 40

3. Нико Розберг 33

4. Фелипе Маса 20

5. Кими Раиконен 12

6. Фелипе Наср 10

Генерален пласман на конструктори:

1. Mercedes 76

2. Ferrari 52

3. Williams 30

4. Sauber 14

5. Toro Rosso 12

6. Red Bull 11

Превземено од Pixel.mk



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.