Mitsubishi подготвува нов концепт за саемот во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi подготвува нов концепт за саемот во Женева!

Саемот на автомобили во Женева ќе започне на 5ти Март оваа година, а Mitsubishi најавува нов концепт кој ќе биде претставен токму таму!

Според она што Mitsubishi го најавува, концептот ќе биде „декларација за намери“ која всушност ќе ја најави идната насока на движење на брендот и неговите модели. Барем на прикажаните скици, нам моделот ни наликува на еволуција на XR-PHEV концептот кој доби и своја екстремна верзија како дел од Vision Gran Turismo моделите.

mitsubishi-geneva-concept-side

Она што го издвојува овој концепт е новиот погон – според Mitsubishi, овој концепт ќе биде придвижуван од следната генерација Plug-In хибридна (PHEV) технологија со погон на две тркала. Дополнително, Mitsubishi објаснува дека концептот е „паметна комбинација на инженеринг, флуентност со електромотор, низок импакт врз животната средина, динамична агилност и атлетски дизајн“.

Нам ни останува само да бидеме трпеливи до премиерата на концептот во Женева, и да се надеваме дека конечно ќе видиме и сериски модел.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.