Јапонскиот луксузен огранок на Toyota го најавува следниот F-модел! Според очекуваното, тоа најверојатно ќе биде нивниот конкурент на BMW M5 – моделот GS F!
Lexus веќе најави дека ќе додаде втор F-модел во своето портфолио кој ќе му се придружи на спортското RC F купе. Од Lexus веќе потврдија дека автомобилот ќе се појави на саемот на автомобили во Детроит следниот месец.
Од она што можеме да го видиме на најавните фотографии, најверојатно се работи за Lexus GS F – моделот кој ќе треба да му конкурира на BMW M5. Можеме да забележиме малку изменети предни светла со дневни светла кои личат на оние кај NX, како и поагресивен преден браник и нови тркала. Моќта би требало да доаѓа од 5-литарски V8 кој ќе испорачува околу 500 коњски сили.