Премиера: Audi RS3 Spotback – 2.5-литарски турбо бензинец, quattro и 362 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi RS3 Spotback – 2.5-литарски турбо бензинец, quattro и 362 коњски сили!

Audi го претстави својот нов натпреварувач во сегментот на ултра-жешки хечбекови – новиот RS3 Sportback ќе им понуди на купувачите перформанси од кои застанува здивот благодарение на 362-коњскиот 2.5-литарски турбо-бензинец!

Под поклопецот на Audi RS3 Sportback се крие најмоќниот пет-цилиндерски мотор во историјата на брендот – 2.5-литарскиот 5-цилиндерски турбо-бензинец нуди 362 коњски сили и импресивни 465 Nm вртежен момент. Таа моќ се пренесува преку DSG менувач со 7 брзини и Quattro погонот кон сите четири тркала, благодарение на кои RS3 Sportback има перформанси кои обично ги очекуваме кај супер-спортските автомобили – 100 километри на час пристигнуваат за 4.3 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

audi-rs3-sportback-rear

Благодарение на модерните технологии кои се вградени во RS3 Sportback, меѓу кои е и целосно нов старт-стоп систем, новиот RS3 Sportback ќе троши само 8.1 литар гориво на 100 изминати километри – но тие бројки се според NEDC стандардот за тестирање – во реалноста тие ќе бидат значително повисоки. RS3 Sportback ќе се препозане по поголемите тркала, спортските браници, страничните прагови, задниот спојлер и овалните завршетоци на издувниот систем.

audi-rs3-sportback-front

Автомобилот може да се нарача и со магнетски амортизери, а ќе се нуди и нов систем за кочење со 370-милиметарски дискови напред и 310-милиметарски дискови позади. Во внатрешноста забележуваме управувач со рамно дно обвиен во кожа и алкантара, кожни спортски седишта, алуминиумски педали, детали од алкантара, алуминиум и карбон, како систем кој му покажува повеќе информации на возачот.

audi-rs3-sportback-interior



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.