Lexus најавува нов кабриолет преку LF-C2 концептот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus најавува нов кабриолет преку LF-C2 концептот!

Премиум огранокот на Toyota најавува можен иден кабриолет базиран на моделот RC преку концептот LF-C2 кој го претстави во Лос Анџелес!

Подпретседателот на Lexus Group – Jeff Bracken – изјави дека LF-C2 концептот најавува што да очекуваме од идниот дизајнерски идентитет на брендот. Концептот им ја покажува на купувачите ширум светот посветеноста на Lexus кон емотивните дизајни и нивната страст на несекојдневно возачко искуство.

Автомобилот е замислен како 2+2 кабриолет и е долг 4715 милиметри, широк 1840 милиметри и висок 1385 милиметри. Се забележуваат уникатни детали типични за концептно возило – како што се задните светлосни групи, преработените браници и новите LED предни светла, а ентериерот е посебна приказна. Доколку наиде на позитивни реакции од публиката и потенцијалните купувачи, кабриолетот би можел да се појави во сериско производство за околу една година и би ги делело моторите со купе-изведбата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.